Фудбалерот на Ризеспор, Фабрсио Бијано доби црвен картон по само 35 секунди. Неговиот тим загуби во 34 коло во турската лига од Фенербахче со 6:0, а за високиот пораз најмногу вина сноси Бијано, кој беше исклучен уште во првата минута од натпреварот.
После прекршокот кој го направи над Креспо, Биано тргна да се пресмета со играчот на Фенербахче, а потоа го удри дефанзивецот Ким во лице. Судијата Умит Малер веднаш му покажа црвен картон и го испрати во соблекувалната.
За потсетување, лидерот во турската лига Трабзонспор е во резултатска криза, па со оваа победа Фенербахче се надева дека пред крајот ќе ја намали разликата и сериозно ќе му се доближи. На четири кола до крајот од првенството, Трабзонспор има осум бода разлика пред Фенербахче.
Red card at 35th second 😱😱😱 Most red carded player in the league Fabrício Baiano🇧🇷 got a red card again pic.twitter.com/p0MBgxE71p
— Kaan-Turkish Football🇹🇷 (@Kaan_turk_footy) April 22, 2022