Среќен 70-ти стари: Мурал со Горан Стефановски во скопско Дебар маало за неговиот роденден

Мурал со ликот на Горан Стефановски е нацртан на фасадата на школото “Коле Неделковски” во скопско Дебар Маало. Муралот е дело на тату-артистот Блаже Атанасков, а беше откриен денес на неговиот родендeн. Да беше жив, Горан ќе наполнеше 70 години.

По откривањето на муралот, во паркот кај спомен-обележјето на Горан Стефановски се читаа и драмски текстови  „Маалски драмски разговори“.

Актери, пријатели, музичари обични граѓани, дојдоа на клупата на Горан, на маалска дружба и на по едно пиво.

„Среќен 70-ти стари, сигурно на ваков ден ќе те зафркавав дека влегуваш во нова декада, а ти ќе кажеше дека уште се чувствуваш како да имаш 18. Те сакам“, рече синот на Горан, Игор Стефановски.

Игор најави и поставување на бронзена плоча со цитати од Стефановски во непосредна близина на спомен клупата во Дебар маало, како и идеја за подарување на делото „Диво месо“ на сите матуранти кои според учебната програма го обработуваат ова дело како лектира.

 

 

Scroll to Top