По кавгата за тоалетите на Данела, Перо Камиказа и Никса продолжија да се препукуваат и ќе завршат на суд

Откако се скараа за јавните тоалети на градоначалничката Данела Арсовска, Перо Камиказа и Никола Наумоски продолжија со навредите и препукувања на Фејсбук, до толку што сега ќе треба да се сретнат и на суд.

Поранешниот шеф на кабинетот на Шилегов, Никола Наумоски, поднесе тужба за нарушен углед против музичарот и побара Камиказа јавно да му се извини затоа што го нарече зависник и дека немал пари за бело.

Камиказа рече дека е подготвен да се соочи со Наумоски оти и тој го навредувал кога ја објавил фотографијата со јавните тоалети на Данела Арсовска и му посакал среќна смрт.

Неодамна Перо Камиказа го објави текстот во кој зборуваше како новинарите се мајтапеле со Наумоски. Ги спомна и Тоше Проески и Влатко Стефановски и објасни дека Наумовски ги омаловажувал двајцата, а сега продолжил и со навредите кон него.

„По ругањето со Тоше Проевски (ангелот македонски) (сатира) си играат мајтап со Никса, но по Горан Стефановски (македонскиот Шекспир) дојдов јас на ред. Од кога ми посака среќна смрт, следеше мој одговор на сељоберот монокотиледнски и замислете оваа амеба ме тужи?! Гореспоменативе не можат да ти одговорат освен со своите дела, но јас сум жив и здрав и се гледаме на суд по твое барање и тужба. Еве една небулоза од Никола Наумовски – Никса. „Откако функционерот на СДСМ, советник на Петре Шилегов, внук на Радмила Шеќеринска, но пред сè човек – Никола Наумовски го нападна Горан Стефановски, тој на социјалните мрежи се впушти во напад на Тоше Проески!

 

Наумоски му одговори на Камиказа дека наседнал на лажна вест и дека не можел да разликува сатиричен од сериозен сајт.

„Камиказа си изел кромид од најневозможната бавча на македонскиот дел на интернетот, го читаат пријателите и никој не му кажува и го остава да се брука“, рече Наумоски.

Scroll to Top