Познатиот српски пејач Драган Којиќ – Кеба наводно се скарал со Ана Бекута бидејќи отишла на 50. роденден кај Северина Вучковиќ. Медиумите пишуваат дека Ана и Кеба биле пријатели четири децении и дека тој не можел да верува оти таа била на роденденот кај хрватската пејачка.
„Ана со години е куќна пријателка на Кеба и неговото семејство, заедно ја започнаа кариерата и се радуваа на успесите. Заедно настапуваа во стара Југославија и беа одличен тандем. Првиот дует ‘Не кажувај ништо’ е снимен во 1998 година, како доказ за пријателството и заедничката енергија. Песната беше мега хит. Потоа, во 2003 година го снимиле дуетот ‘Треба време’. Тој рече: Бекута не постои за мене, таа и Северина ми забија нож в грб. Ана всушност ја запознала Северина во неговата куќа. Тие не се ни познаваа порано. Тие двајца одлично се согласуваа и почнаа да се дружат. Откако синот на Кеба, Игор, и Северина се разведоа во 2021 година, логично беше Бекута да застане зад семејството Којиќ. Па никој не очекуваше дека Ана ќе оди кај Северина. Особено Кеба не веруваше дека неговата добра пријателка ќе оди во Загреб на роденден“, открил извор близок до двајцата.