Те сакам како и пред 15 години: Иџе прослави годишнина од брак со Емилија

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе, слави 15 години брак. Тој објави две фотографии со сопругата Емилија, од денот на свадбата и фотка направена по една од неговите трки.

„На денешен ден пред 15 години. Те сакам како што те сакам секогаш. Среќна годишнина“, ѝ напиша Иџе на сопругата, со која има две деца, синот Олег и ќерката Нина.

Стефановски често објавува семејни слики и секогаш вели дека тие му се најголемата поддршка во кариерата.

 

Scroll to Top