Италијанскиот бенд Манескин стана популарен кога победи на Евровизија во 2021 година со песната „Zitti e buoni. Членовите на бендот ја искористија популарноста што ја стекнаа со триумфот на музичкото натпреварување и продолжија да снимаат нови песни, спотови.
Бендот Манескин го сочинуваат басистката Викторија Де Анџелис, гитаристот Томас Раџи, тапанарот Итан Торкио и фронтменот Дамијано Дејвид. Малкумина знаат дека овие четворица млади се собрале кога биле средношколци и дека почнале да снимаат кавери на познати песни, како и да пеат по улиците на Рим и на тој начин да заработуваат свој џепарлак.
Викторија и Дамијано формираа бенд, а брзо им се придружи Томас, кој беше пријател басист од средното музичко училиште. Најинтересно е што Итан дошол во бендот преку Фејсбук, кога се пријавил на оглас објавен од тогашните членови на бендот.
Тие мораа брзо да смислат име за бендот, па дојдоа до идеја тоа да биде дански збор, бидејќи Викторија има дански корени и течно го зборува јазикот. Се договориле да биде Манескин, што на дански значи месечева светлина.
Тогаш започнува нивното заедничко патувањ. Најпрво ја освоија италијанската публика со учеството во натпреварувачката шоу програма „Икс фактор“, каде што беа фаворити од самиот почеток. Со своите оригинални настапи привлекоа големо внимание, бидејќи пејачот Дамијано Дејвид секој пат се појавуваше во различно издание. Високи штикли , мрежести чорапи, танцување околу шипка и тесни кожени панталони беа составен дел од неговиот имиџ на сцената на ова натпреварување. Не победија, но го освоија второто место и ја отворија вратата на славата.
Лани беше дефинитивно најсреќната и најуспешната година за Манескин, бидејќи победија на фестивалот во Сан Ремо, но и на Евровизија во Ротердам. Нивните песни со недели беа први на музичките топ листи во речиси сите европски градови, но и пошироко.
Нивните најпознати песни снимени пред овој триумф се „Chosen“, „Moriro de re“ и „Torna a casa“, кои за само неколку недели достигнаа 100 милиони прегледи на YouTube.