Драгана Костова, од Струмица вчера во „Ѕвездите на Гранд“ имаше одличен настап и уште еднаш го воодушеви жирито и публиката.
Костова, која е во тимот на Марија Шерифовиќ, ја пееше песната „Солзи за крај “ од Даница Крстиќ и песната „Уште е 12 часот“ и пак покажа дека е одлична.
Жирито повторно се воодушеви од неа и струмичанката со 6 гласа помина во наредниот круг на „Ѕвездите на Гранд“.
Драгана оваа сезона доминира во најпознатото Балканско музичкото натпревување.