Влошена состојбата на Андријана, ќерката на Јулија, која боледува од рак, се бори за животот

Пејачката и водителка Јулија ги повика сите кои ја познаваат нејзината ќерка Андријана, да се молат за неа, бидејќи таа се бори за живот на клиниката за онкологија.

„Драги мои пријатели, помолете се за моето девојче, за мојата хероина, мојата светлина. Молете се за Божјо чудо, зошто Андријана во болка се бори за својот живот на клиниката за онкологија. Верувам дека Бог ќе направи чудо, зашто за Бога е возможно се. Секој на свој начин испратете љубов, испратете молитва, да го крене моето девојче“, стои во објавата на Јулија.

Во 2020 година на роденденот на Андријана и беше дијагностициран рак кој метастазирал на коските и црниот дроб. Таа по една година хемотерапии и зрачење, успеа да да застане на нозе. Лани Јулија на роденденот на нејзината ќерка напиша дека изминатата година направила пресврт во нивните животи.

Уметници и пријатели на Андријана ги продаваа своите дела по прифатливи цени и собираа средства за нејзините понатамошни лекарски трошоци.

 

Scroll to Top