Оливер Спасовски меѓу фолк-естрадата во Турција

Фолк-пејачите Благоја Грујовски, Елена Велевска, Адријана Алачки и водителката Ирена Спровска се во Измир во Турција. Таму неколку дена се одржува Музички фестивал на кој настапуваат македонските пејачи придржувани од турското дуо Екрем и Ерсан и оркестарот Миксбалрум. Фестивалските денови се во рамките манифестацијата на зачувување на македонската традиција која се пренесува низ генерации.

Освен музичари, во Измир имало и македонски здруженија на професори, лекари, бизнисмени. Тука е и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој се сретна со фолк-пејачите. Фотографијата ја објави Елена Велевска, која напиша „Браќа и сестри Македонци“.

Фестивалот Македонија во Чили, Измир, се одржува три дена и идејата е да се прати порака за пријателство помеѓу македонскиот и турскиот народ.

 

Scroll to Top