Постарата ќерка на познатата брачна двојка Светлана и Мики Црнокрак, Моника, која неодамна дипломираше на Економскиот факултет во Скопје, објави фотографии со нејзиниот дечко Виктор Петров како уживаат додека шетаат во Париз.
Таа веќе некое време споделува заеднички фотографии на социјалните мрежи од најразлични дестинации со нејзиниот дечко.
Моника иако има само 23 години има освоено повеќе титули за убавина како член на модното студио „Црнокрак“. Иако е дипломиран економист, таа тргна по стапките нејзините родители, и не е тајна дека таа е копија на нејзината мајка Светлина.