Обожавателите на Ана Ѓуриќ Констрактa покренаа петиција за доделување национална пензија на српската претставничка на Евровизија. Во своето објаснување тие навеле дека уметничката на најдобар можен начин ја претставила Србија во светот и заслужува да биде наградена.
– Ана со својата уметност, став, интелигенција, секој гест и изговорена реченица на светот му ја покажа најубавата страна на нашиот народ. Таа гордо го истакна знамето на секое место и чекор, пред милиони гледачи на најголемиот телевизиски спектакл во светот. Таа гордо ја пееше својата песна на мајчин јазик. Да не беше влијанието на политиката, голема е веројатноста таа да победеше – се наведува во соопштението на покренувачите на петицијата, која досега ја потпишале 189 лица од Србија.
Констракта со ентузијазам ја сподели оваа акција на Инстаграм и во свој стил напиша: „Констракта нека се пензионира“. Таа потоа им се обрати на следбениците на социјалните мрежи и призна дека не е сигурна дека ги исполнува потребните услови:
– Ова е убаво со пензијава, но морам да ви кажам дека сум тенка со искуство. Не знам дали би можела да го соберам искуството и утре да се вработам. Значи, тоа ќе биде позната приказна за „Штурецот и мравката“, пренесува српски „Информер“.