(Фото) Сефер Цаноски петти пат стана татко и објави слика со ќерката Адила Дефне

Директорот на ФОН, Сефер Цаноски, петти пат стана татко. Неговата сопруга Сезан утрово го роди нивното трето дете, ќерката Адила Дефне. Познатиот бизнисмен веднаш објави слика од бебето и часот на породување.

„Добре дојде Адила Дефне Цаноска. Да бидеш здрава, жива и бериќетна со најубав к’смет на цел свет“, напиша тој, па доби честитки од пријателите.

Сефер и Сезан се во брак од 2018 година, а се венчаа во Турција. Тие имаат две ќерки, Алара и Алја Мелек. Дека е Сезан бремена, Сефер откри пред три месеци и тогаш ја нарече сопругата најубавата трудница. Бизнисменот има и две деца од првиот брак со Лејла Рамковска, ќерката на Велија Рамковски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sefer Canoski (@sefer.canoski)

Scroll to Top