Синот на Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ, Даниел, од свадбата која ја направи неодамна, заработил 100.000 евра, пренесоа српските медиуми.
Семејството рече дека не очекувале дека младенците ќе заработат толку пари. Тие велат дека добиле подароци од 200 евра, но имало и вредно од 1000 и 2000 евра.
„Гостите беа претежно лица од естрадата. Подароците најчесто ги даваа во плико. Најмалку што имаше во едно плико беа 200 евра, а имаше и од по 1000 и 2000 евра“, откри извор близок до двојката.
За потсетување, Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ неделава правеа свадба за синот што пејачката го има од првиот брак. Даниел и неговата сопруга Тијана свадбената прослава ја направија во елитен ресторан во Белград, на која присуствуваа познатите грандови ѕвезди.