Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, во емисијата на Снеже Велков објасни зошто некои жени останувале немажени или сами. Вели вака: Додека некои жени очекуваат вистински мажи според дефиниција, многу добри мажи поминуваат покрај нив или во нивниот живот и некои од тие жени остануваат сами. Подоцна, кога ќе поминат години, се прашуваат каква зла среќа имавме, ниту еден вистински маж не влезе во нашиот живот.
По оваа објава на Ангелов, не му останаа должни куп дами, кои, освен што се потсмеваа со мислата на Стојанче, му објаснија што мислат за женетите и за немажените. Па, така, инфлуенсерката Ина Многуфина му рече: „Здраво, Стојанче. Сега сме 2022, можеби не знаеш пошто ти повеќе на терен работиш и може да не си многу во тек, излезени сме од пештерите. Може да ти биде многу чудно како на некои од нас што ни беше чудно пожар да се гаси со гранка, ама не сите жени се посветени да најдат маж во животот. За тоа што за тебе е вистински маж – не би навлагала, ама мислам нема да го делиме истиот критериум. Не знам како си ти повикан да коментираш жени и вистински мажи. Жените остај ги, тие со критериум нема никад да го спуштат толку да најдат маж што мава ќерамиди ко да е од карате-филм излезен у трето или што гаси пожар со гранка. Среќна 2022, Стојанче, пробај влези во неа. Не е животот на секоја жена да најде маж, глупо е да тресеш вакви работи“.
И новинарката Јорданка Иваносвска-Јоци не го поштеди од коментар. Па и таа му се обрати преку социјалните мрежи.
„Стојанка Ангелова у ствари со изјавава меѓу редови би да им покаже ‘на дело’ на сите ‘немужени и распуштени жени’ дека ете – он е ‘прааав муж’ за нив. Ваљда кромањонецов ќе сфати, ако му останало малку мозок од мавање со тоа ќерамидите“, е дел од статусот што му го напиша Јорданка на Стојанче.