На 11. јуни на Цеца и Анастасија во Пробиштип првпат со заеднички концерт. Покрај македонската публика, се очекуваат и гости од Бугарија и Србија. Токму поради тоа хотелите во Пробиштип и околината веќе се резервирани од странски, но и домашни гости. Организаторите на овој голем музички настан велат дека подготовките се во тек. Тие откриваат дека српските пејачки во Македонија ќе пристигнат два дена порано, но не откриваат каде ќе престојуваат. „Строго забрането е да откриеме каде ќе престојуваат, но можеме да ви откриеме дел од нивната рајдер-листа. Претпоставуваме дека луѓето мислат дека Цеца и Анастасија бараат „од пиле млеко“, но не е така. Како и сите нормални луѓе, тие бараат во бекстејџ да има ладна вода, свежи сокови, грицки и тоа е се“ – велат организаторите.
Карти за концертот може да купите преку продажната мрежа на kupikarta.com. Организатори се Прагма продукција