Тамара Тодевска денеска наполни 37 години. Заедно со нејзините деца Хана и Дарен, таа сподели фотографија на социјалните мрежи и напиша дека 37 е само бројка.
„Да ви кажам искрено, поубаво не сум се чувствувала никогаш. Живели дечки“, напиша Тамара.
Тамара се пофали и дека добила честитки од колегите, но и блиски пријатели.
Во последно време Тодевска се почесто на социјалните мрежи е активна со фотографии и видеа како спортува и го одржува телото во фит форма. И денеска на денот на нејзиниот роденден објави стори од теретана.