Стефан и Мартин од групата „Некст тајм“ ќе го промовираат нивниот нов музички албум насловен „Мајка“. Промоцијата ќе се случи на 7 јуни.
Албумот има девет композиции, дел од нив веќе објавени, а во него ќе има и една бонус лента за песната „Ја излези Ѓурѓо“, којашто е во ново руво и во дует со популарниот пејач Влатко Лозаноски – Лозано.
Инаку, „Некст тајм“ на овој албум работеле долг период под палката на композиторот Николче Мицевски, додека, пак, истиот е снимен и мастеризиран во „XL studio Momiroski“.
На промоцијата која ќе се случи на 7 јуни, во хотел „Мериот“, со почеток во 20 часот поканети сите оние кои ја сакаат и ја поддржуваат музика на „Некст тајм“.
Познатите близнаци ќе одржат и мини концертна изведба на албумот, односно ќе испеат дел од песните кои се наоѓаат на овој албум.