Како што пишуваат турските медиуми, Мустафа неодамна земал часови по летање за да ужива од височина за време на медениот месец со својата избраничка. Нивниот план е да посетат егзотични дестинации и да се возат, односно да летаат со хеликоптер.
Двојката на 10 јуни ќе приреди „грчка вечер“ во ресторанот на хотелот, утредента ќе прави свадба во истата бавча, а потоа со гостите ќе одат на плажата каде ќе се одржи забавата. Свадбата ќе заврши со ручек следното утро, стои во поканата.
Да потсетиме, Мустафа и Мелис беа во врска три години, а се верија во февруари годинава. Од бракот со Емина Јаховиќ има два сина Јаман и Јавуз. Овој поранешен брачен пар беше на суд бидејќи Емина го тужеше Мустафа за неплаќање алиментација, но судот утврди дека тоа не е вистина.
Емина во една прилика кусо прокоментира колку и бил тежок разводот и дека не сака да коментира, а најтешко и е што во сето тоа има деца кои не може да ги заштити од медиумите.