Инцидент се случи за време на една венчавка во Узбекистан, кога младоженец силно ја удри невестата по глава. Тој изгуби во традиционална игра во која се натпреваруваше со невестата, а потоа наместо да ѝ честита во афект ја удри.
Гостите на почетокот мислеа дека сето тоа е испланирано однапред и се смееја додека не сфатија дека станува збор за брутално насилство. Дел од нив побараа да биде уапсен. И голем број од коментаторите го споделија истото мислење откако го видоа видеото на интернет.
„Ова е многу тажно. Добро што ова заврши на интернет за да можат сите да видат за колку грозен човек станува збор. Полицијата итно да го најде и да го уапси“, биле само некои од коментарите.
За потсетување, Узбекистан е познат по тоа што и сè уште негува традиција на договорени бракови, иако во последно време тоа е сведено на доста помал број од порано.