(Фото) Македонец со кола падна во река, па чекаше на кров да го спасат

Македонец утрвото со аудито падна во реката Босна во Добој, соопшти тамошната полиција за „Српскаинфо“. Возачот со иницијали З.Љ. (48) откако паднал во реката, чекал на кровот за да го спасат. Полицијата со чамец го извлекла и го однела на брегот.

Портпаролот на полицијата, Драгана Керкез, рече дека несреќата се случила утринава околу 9:30 часот кај Добој.

„Возилото го управувал З.Љ. од Македонија. Во извлекувањето на возачите учествувале полициски службеници од Полициската станица за безбедност во сообраќајот Добој и припадници на Територијалната противпожарна единица Добој“, рече Керкез.

Возачот веднаш бил однесен во најблиската болница на преглед.

 

Scroll to Top