Поранешниот ракометар на Вардар Кристијан Дисингер се сврши со неговата девојка Марија Андоновска. Тие се свршиј на денот на нејзиниот роденден, а Германецот објави и фотографија од свршеничкиот прстен.
„Среќен роденден на мојата вечност“, напиша тој.
Дисингер лани си замина од Вардар по три сезони во клубот. Тој дојде како големо засилување, но поради честите повреди не успеа да се истакне. Поради повредите, не беше често и дел од германската репрезентација. Од скопскиот клуб сакаше да си замине уште во 2020 година, но тогаш се пишуваше дека поради Марија решил да остане во Вардар.
За потсетување, Марија е сестра близначка на Душица Андоновска, сопругата на хрватскиот репрезентативец и поранешен ракометар на Вардар, Игор Карачиќ.