Констракта: По Евровизија добив многу понуди, но тешко ми е да застанам зад нешто што не го поддржувам

Српската претставничка на Евровизија, Ана Ѓуриќ, позната и како Констракта, во интервју за Večernji  рече дека по победата на Беовизија останала верна на својот поглед кон уметноста и дека ретко прифаќа комерцијални понуди кои често ѝ се нуделе.

Пејачката по Евровизија ужива голема популарност меѓу публиката во регионот, а нејзините стихови In Corpore Sano и понатаму се споменуваат и користат на социјалните мрежи и во медиумите.

„Ме бараат од разни страни и ми нудат најразлични работи. Засега не видов нешто од понуденото што за мене има некаква смисла“, рече Констракта и додаде дека ако нешто во иднина би прифатила тоа треба да има некаква поширока корист.

„Гледам од тоа да има некоја поширока корист иако знам дека со тоа нема да го спасам светот. Не ги мразам парите, но имам проблем со тоа да застанам пред нешто што не го поддржувам. Незгодно ми е. Го правев тоа, не дека не сум го правела, кога бев помлада. Некакви картички за банки и слични работи, објавував на социјалните мрежи како сум воодушевена од некоја крема, но сега тоа не можам да го правам. Не поддржувам да се фрлаат огромни количини на пари во огласување. Бесмислено ми е. Но, ајде оставам простор дека можеби ќе го променам пристапот и погледот на работите“, рече Констракта.

Таа се надоврза и за боросаните, некогаш подзаборавените и задолжителни сандали на работничките произведени во фабриката „Борово“ во Хрватска. Пејачката вели дека и била важна приказната која стои зад познатите сандали.

„Идејата потекнува од нас и наидовме на добра комуникација со луѓето од „Борово“. Тие имаа свое значење во нашите краишта и на некој начин потсетуваат на општество кое се грижи за работниците, барем, ете, креираат облека која колку-толку им помага на работниците кои денот го минуваат на нозе. Сакам да верувам дека е можно општество кое креира удобна облека за да им помогне на работниците, а не работникот да работи подобро и подолго за нив за да подобро ги експлоатира“, рече Констракта.

 

Scroll to Top