Македонската пливачка репрезентативка Миа Блажевска Еминова постави нов апсолутен рекорд на Светското првенство во пливање во Будимпешта, Унгарија, откако во трката на 100 метри грбно исплива за 1:04,11 минути.
Миа настапи во втората квалификациска трка, во која заврши како третопласирана и е на 29 -то место во конкуренција со вкупно 43 пливачки.
Македонската пливачка денеска ќе се натпреварува во дисциплината на 50 метри грбно.
Следен предизвик за македонската пливачка репрезентативка Миа Блажевска Еминова е Младинско европско првенство.