(Видео) Стефан Лазаров сними нова песна и прослави две години од отворањето на јутјуб-каналот

Македонскиот јутјубер и водител Стефан Лазаров ја промовира новата песна „Пари“ и ја прослави двегодишнината од отворањето на својот јутуб канал, кој во моментов има скоро 70 000 следбеници. Видеото го снимаше во Грција, со моделот Сара Дојчиноска, а режисер е Томислав Живковиќ. Текстот, музиката и аранжманот на песната се на „Два бона“.

„Чувството да се биде повторно на музичката сцена е неописливо, а најмногу поради можноста преку музиката да споделам вистински емоции. Музиката ми дава можност да се претставам и искажам емотивно и на најдобриот начин што знам. Сакам да се заблагодарам на целиот тим кој работеше на овој проект и да нагласам дека следува период во кој активно ќе се посветам мојата музичка кариера,“ вели Лазаров.

Стефан претходно ги сними песните „Ти“, „Мајко моја“, „Победник“ и други, но во јавноста е познат и како водител на „Ексклузив“ на 1ТВ и по шоуата на својот јутјуб канал.

Scroll to Top