Еди Марфи ја омажи најстарата ќерка, прва свадба во домот на актерот кој има десет деца

Најстарата ќерка на актерот Еди Марфи, Брија се омажи за Мајкл Ксавиер во Беверли Хилс. Двојката се венчаше на приватна церемонија пред 250 блиски пријатели и роднини.

Невестинскиот фустан на Бриеа беше дизајн од модната дизјанерка Нета Бен Шабу, додека младоженецот носеше смокинг Knot Standard, стилизиран од Дион Латимор.

Невестата е најстарата ќерка на Еди Марфи која се појави со нејзината мајка во реалното шоу Hollywood Exes во 2014 година.

Бриа и Мајкл се свршија лани во декември.

Еди е татко на 10 деца: Ерик, кој во неделата наполни 33 години, Брија, Кристијан, 31, Мајлс, 29, Шејн, 27, Зола, 22, Бела, 20, Ангел Ајрис, 15, Изи Уна, 6 и 3 и пол годишниот Макс Чарлс.


Scroll to Top