Откако оздраве од корона, Мик Џегер им се врати на концертите. Во пресрет на концертот со „Ролинг Стоунс“ во Виена, додека го разгледуваше градот пејачот беше виден како јаде ќебапи и пие пиво. Пејачот позираше пред популарниот стрит фуд Bitzinger.
„Замисли да чекаш колбасица или ќебапи, а покрај тебе Мик Џегер пие пиво“, беа само некои од коментарите на фановите, додека други пак рекоа дека оние кои биле покрај него и кои се сликале ќе имаат спомени за целиот живот.