Група студенти од Холандија направиле комбе кое може да се движи на сончева енергија. Тие со комбето поминале 3.000 километри. Се возеле од Ајндховен во Холандија, до Тарифа во Шпанија.
Студентите се од Технолошкиот универзитет во Ајндховен. Комбето го нарекле „Стела вита“ и тоа енергијата ја добива преку соларните панели на покривот. Со истата енергија функционираат сите внатрешни уреди во возилото.
Во комбето има кујна, кревет, туш-кабина каде може да се истуширате, место за гледање телевизија, можете да си го наполните лаптопот и да си направите кафе. Точно може да се види колку енергија е потрошена. Тоа е еден вид на подвижен дом за две лица.
Со комбето во летните сончеви денови може да се поминат 720 километри за едно деноноќие. Тоа може да достигне брзина до 120 километри на час. Има батерија и со него може да се вози и во облачни и лоши временски услови. Тоа е слично како и електричните автомобили.