(Фото) Ладен шампањ и бакнеж од Игор за 40. роденден на Илина Арсова

Со торта, шампањ и бакнеж од Игор, Илина Арсова го прослави 40.роденден. Неколку фотки од забвата таа сподели на социјалните мржи, ама онаа со Игор привлече најголемо внимание.

За љубовта на Игор и Илина одамна се пишува. Првите симпатии биле на Златна Бубамра на популарноста, но врската почнала во Дојран, каде Игор веќе три години живее.

„Јас ги сакам студот и планините, а во езеро влегувам среде зима. Игор е тип кој сè уште мисли дека ако излезеш со мокра коса на ладно ќе настинеш. Јас имам бицепси од вежбањето, тој нема. Годините се голема разлика, ама тој во душата е секогаш дете. Со часови може да свири на гитара, а јас да сликам. И додека шпартав секој ден од Стар Дојран до Мрдаја, оти тоа ми беше дневна рутина, се чудев од каде става Игор слики на Инстаграм од Сретеново. Уште помалку мислев дека нешто ќе се случи меѓу нас или дека некогаш ќе се налути оти не сум му вратила лајк кога пишал“, ни ракажа зимата Илина во разговорот за „Репортер“.  

Нивната љубов почна некаде во март, во време на карантинот кога почна и пандемијата. Одтогаш тие постојано се заедно и станаа омилената двојка во јавноста.

 

Scroll to Top