Актерката Кејти Холмс се соблече гола во новиот филм Alone Together. Кејт ја има главната улога, а истовремено е и режисер и продуцент. Станува збор за романтична комедија во која за првпат може да се слушне музиката на нејзината 16-годишна ќерка Сури Круз.
Случувањата се одвиваат во Њујорк за време на пандемијата со ковид. Друштво ѝ прави актерот Џим Струџис, со кого Кејти мора да го дели резервираното сместување во градот. Филмот излезе на крајот на јули и веќе доби одлични коментари од филмските критичари.
За потсетување, Кејт ја доби Сури во брак со Том Круз, кој по разводот ги прекина сите контакти со ќерка си. Иако според судската одлука има право да биде со неа секој месец по 10 дена, извор близок до него рече дека тој тоа го одбил.
Причината е сциентологијата. Единствено на што се придржува Круз е алиментацијата во износ од 33.000 долари месечно.