Се менува орбитата на Земјата, астронаути ќе слетаат на Венера, мажите ќе бидат погодени од страшна болест, предвидува баба Ванѓа 

Вангелина Пандева Димитрова Гуштерова или позната како баба Ванѓа, за оваа година предвидела големи поплави и страшна болест која особено ќе ги погоди мажите.

„Ќе биде пострашна од сида. Ќе дојде голема поплава на трупови“, рече баба Ванѓа во едно од нејзините последни интервјуа кои ги даде за украинскиот бизнисмен Анатали Лубченку. Украинецот ја посетил во 1994 година, кога веќе била исцрпена од тешката болест.

Баба Ванѓа не прецизирала кога ќе се случат поплавите и кога ќе нападне страшната болест, експертите сметаат дека станува збор за низа поплави кои настануваат секоја година и носат сѐ со себе. Таков беше случајот во јуни 2014 година, кога се случи незапаметена природна катастрофа.

Пороите однесоа куќи, уништија автомобили и речиси се што поседуваа луѓето. Изразот на нивните лица кажуваше сѐ. Трагедијата е преголема. Јас бев на улиците на предградијата. Уништени беа патиштата, куќиите, автомобилите беа еден врз друг“, рече градоначалникот на бугарскиот град Варна Иван Портних.

Баба Ванѓа предвиде дека тие денови биле кошмар за многумина. Поплавата беше библиска и зафати голем дел и од Бугарија. Само два месеци претходно, сличен хаос доживеаа и Србија, Хрватска и Босна и Херцегоцина.

„Хуманоста ќе ја надмине трагедијата. Луѓето ќе си помагаат еден на друг. Ќе ја споделат последната корка леб, децата повторно ќе се дружат. Се чинеше дека светот повторно ќе биде како што треба, полн со хуманост и братска љубов. Полицајци, пожарникари, војници, соседи ќе спасуваат сѐ и сешто, од кокошки до луѓе. Еден ќе умира за друг. Тоа е нешто кое ќе му недостига на светот“, рече Баба Ванѓа во интервјуто.

 

За 2022 година Ванѓа предвидува уште една пандемија, која овој пат ќе избие во Сибир. Станува збор за замрзнат вирус кој ќе се ослободи со топењето на снегот и мразот, под влијание на климатските промени. Исто така баба Ванѓа предвиде дека многу градови ќе бидат погодени од недостиг на вода и земјите ќе мора да бараат нови алтернативи.

Баба Ванѓа предвидува и глад во Индија, каде температурите наводно ќе достигнат и до 50 степени, ќе предизвика скакулците да ги напаѓаат земјоделските култури. Земјата ќе биде погодена и од земјотреси и цунами. Ќе бидат погодени и делови во Австралија и Азија.

Нејзините визии за 2023 се и промени во орбитата на Земјата, астронаути во 2028 година ќе слетаат на Венера, муслиманите ќе владеат со Европа до 2043 година, а крајот на универзумот ќе се случи во 5079 година.

Предвиде и дека до 2046 година луѓето ќе живеат повеќе од 100 години благодарение на технологијата за трансплантација на органи. Од 2100 година баба Ванѓа предвидува дека ноќта ќе исчезна и дека вештачката сончева светлина ќе осветли друг дел од Земјата.

Многу луѓе веруваат дека предвидувањата на баба Ванѓа ќе продолжат да се остваруваат по нејзината смрт во 1996 година. Други пак сметаат дека тоа се само обични приказни.

Scroll to Top