Сопругата на голамнот на Вардар, Борко Ристовски во костим за капење го покажа трудничкиот стомак.
Тие во моментов семејно се на летување.
Парот неодамна откри дека ќе станат родители по втор пат. Николина е во петтиот месец од бременоста. Тие во изјава за Репортер, не сакаа да го откријат полот на нивното второ дете, бидејќи и тие не го знаат и сакаат тоа да биде изненадување.
„Нина е супер, онолку колку што дозволува бременоста. Вчера ги добивме резултатите од нифи тестот и се радуваме затоа што со плодот е сè во најдобар ред. Ги имаме и резултатите од полот на бебето, но одлучивме засега да не ги отвораме и тоа да биде изненадување и за нас. Само нека бидат Нина и бебето супер, сè друго е помалку важно“, рече Борко за „Репортер“.
Голманот и Нина, која е моден дизајнер, веќе го имаат синот Душан. Тој пред неколку месеци наполни 4 години, а името го доби по починатиот татко на Ристовски.
„Предлогот за името беше мој, а Николина го прифати. Мојот покоен татко се викаше така. Сакавме во името на нашиот син да има симболика, значење“, рече Борко претходно во интервју за „Репортер“.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram