Поминаа три години откако Џефри Епстајн, озлогласениот милијардер и педофил, се уби во својата ќелија во затворот во Менхетен, додека го чекаше судењето за трговија со луѓе и подведување малолетнички. Сѐ уште не се знае списокот на луѓе со кои тој соработувал.
Епстајн со години се движеше меѓу елитата и имаше пријатели на високи места и покрај тврдењата дека водел раширена педофилска мрежа. Неговата смрт е мистериозна, поради што во јавноста се раширија бројни теории на заговор.
Она што е сигорно е дека светот и понатаму не знае кои се од нив се наоѓал на неговиот список на клиенти и учествувал во сексуалното злоставување на девојки и како успеал толку долго време да ѝ побегне на правдата.
Лекарите на 10 август 2019 година се обидоа да го оживеат, но безуспешно. Тој беше пронајден обсен во неговата ќелија. Во портокаловото одело, беше префрлен во најблиската болница.
„Њујорк пост“ утврди дека само два дена пред смртта, тој го потпишал тестаментот, оставајќи го богатството од речиси 600 милиони долари. Погребан е во необележан гроб на Флорида.
Неговите последни часови биле обележани со недоследности. Чуварите кои го држеле на око, баш таа ноќ не го проверувале на секои 30 минути. Наводно заспале на работа, а потоа ја лажирале евиденцијата. Исто така и камерите во тие моменти биле исклучени.
Градскиот судски вештак, како причина го наведе самоубиството, а освен теоретичарите на заговор кои на интернет коментираа дека тоа не е вистина, и истакнатиот патолог Мајкл Баден исто така сметаше дека се работи за убиство.
Марк Епстајн, братот на покојниот педофил, го најмил Баден да ја набљудува аутопсијата, а форензичкиот патолог инсистирал дека доказите упатуваат на убиство. Сепак, официјалните експерти останале на првиот став дека Епстајн се убил.
„Едноставно нема смисла да во случајот на најпознатиот затвореник во Америка, некој заборавил да го чува“, рече тогашниот градоначалник на Њујорк, Бил де Блазио.
Епстајн на 6 јули 2019 година беше уапсен на аеродромот во Њу Џерзи, поради сексуална експлоатација и злоставување на жени, меѓу кои главно беа малолетнички, на неговиот имот на Флорида, во Њујорк и Девствените острови.
Федералните обвинители истакнаа дека водел високо организирана мрежа и дека плаќал луѓе да му регрутираат млади девојки.
Негова десна рака била Гилејн Максвел, ќерка на британскиот медиумски могул, Роберт Максвел, кој сам настрадал под сомнителни околности. Овој јуни таа беше осудена на 20 години казна затвор. Поротата ја прогласи за виновна за помагање и злоставување на девојките, од кои најмладите имале 14 години.
Позната е како мадам и често врбувала девојки да работат за Епстајн. Девојките морале да им даваат сексуални услуги на бројни клиенти, меѓу кои беше и споменат и обвинет и британскиот принц Ендру.
Епстајн пред неколку години веќе еднаш се изјасни за виновен поради наговарање на малолетници на проституција, поради што одлежа 13 месеци казна затвор. Агентите на ФБИ го пребарале во 2019 година, неговиот приватен остров, Литл Сент Џејмс, во медиумите познат и како островот на оргиите или педофилскиот остров. Агентите кои го пребралале местото се возеле во возила за голф, а меѓу нив имало и нуркачи.
Други агенти ги пребарале сите негови луксузни вили. Епстајн островот го купил во 1998 година за осум милиони долари. Тој припаѓал на Девствените острови. Милионерот на овој остров организирал развратни забави, на кои тој и неговите богати гости, припадници на американската елита, искористувале малолетни сексуални робинки. Некои од нив имале само 14 години.
Поранешни вработени рекоа дека носел и модели од „Викторија сикрет“, а меѓу елитните гости бил и милијардерот Лес Векснер, кој на Епстајн му ја продал луксузната вила на Менхетен во деведесетите години.
Кога Епстајн бил на островот, девојките се сончале голи или во топлес покрај базен, а тој се шетал во лежерно издание, во јапонки и кратки панталони. Островот го посетувал два до три пати месечни, по три или четири дена. Сепак вработените мислат дека девојките имале повеќе од 18 години.
Но, поранешниот контролор на летот на аеродром, на овој приватен остров го тврди спротивното.
„Во повеќе наврати го видов Епстајн како излегува од хеликоптер, како стпо пред мојата кула и качува во приватниот авион девојчиња кои беа сè уште деца. Еден настан особено ми остана во сеќавање, затоа што девојчето беше многу младо. Немаше повеќе од 16 години“, рече тој.
Друг вработен рече дека не можеле да зборуваат за тоа, затоа што потпишале договори за тајност. Една од жртвите била Вирџинија Робертс Џуфре, која сведочеше пред судот дека учествувала во оргиите со Епстајн и неговите гости.
Рече дека таму го видела и поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, но дека не спиеала со него, ниту пак видела дека имал сексуални односи со некоја од девојките. За потсетување, Вирџинија е жената со која се спогоди принцот Ендру. Таа тврдеше дека принцот имал односи со неа додека била малолетна и дека била врбувана од Максвел.
Епстајн го купил и друг остров, Грејт Сент Џејмс, за 18 милиони долари во 2016 година, седум години откако излегол од затвор на условна слобода. Овој остров се наоѓа одма до првиот.
На споменатиот остров се наоѓа и необичен хран со сини и бели пруги на ѕидовите. Има златна купола и две златни статуи покрај вратата. Изграден е во периодот меѓу 2009 и 2013 година, а најстрашно од сè е тоа што вратите биле дизајнирани така што спречувале било каков излез од него.
Необичната грабда послужила како дополнително гориво за теориите на заговор за окултните оргии. Многу локалци се убедени дека Епстајн таму ги криел малолетните робинки, во подрум под храмот и другите подземни простории на островот.
„Сите го нарекуваа педофилскиот остров“, рече еден од тамошните мештани и капетан за чартер бродовите, Кевин Гурдиќ.
Една од големите мистерии е како Епстајн дошол до огромното богатство, а се претпоставува дека најверојатно е преку уцени. Во негово друштво имало доста богати и познати луѓе, како Бил Гејтс и принцот Ендру, но и поранешните американски претседатели, Бил Клинтон и Доналд Трамп.
Многумина се сомневаат дека неговиот список на контакти и клиенти сакал да го предаде на федералците, поради што можеби бил и убиен. Од друга страна има и такви кои сметаат дека самиот се убил, затоа што му било јасно дека животот ќе го мине зад решетки и дека не би поминал убаво доколку се открие дека врбувал малолетни девојки.