Викендов во Охрид се одржа концерт во чест на маестро Александар Џамбазов и песните што тој ги создаваше низ неговата долга музичка кариера. Кратко видео од концертот објави и неговиот син Игор, додека публиката ја пее „За сите деца“. Тој не криеше колку е воодушевен, па вели му се направил голем ќеф што толку многу луѓе дошле на Долни Сарај за да ги слушнат песните на неговиот татко.
„Вчера на ‘Охридско лето’ се одржа концерт во чест на маестро Александар Џамбазов. Благодарност до сите учесници, посебно до маестро Љупчо Мирковски и неговиот оркестар. Бисера Чадиковска, како што кажа, така и направи. Најголемо благодарам на публиката која на татко ми му направи чест, а мене ептен голем ќеф“, напиша Игор.
Концертот „Музиката на Александар Џамбазов“ ја заокружи музичката програма на годинашното 62. издание на „Охридско лето“. Наде Талевска и Ѓорѓи Цуцковски, заедно со пијанистот Бобан Мирковски и Ревискиот оркестар на Љупчо Мирковски ги испеаја најголемите хитови на маестро Џамбазов и добија силни овации и аплауз од бројната публика.
За потсетување, маестро Александар Џамбазов почина годинана на 25 јануари.
View this post on Instagram