Ние сме супер тим: Маријана и Васил се спремаат за Охрид Фест

Марјана Станојковска и Васил Зафирчев ќе бидат домаќини на Интернационалната вечер на фестивалот Охрид Фест што ќе се одржи на 3 септември на сцената на Долни Сарај. Маријана и Васил и претходно соработувале заедно, а се и долгогодишни пријатели.

„За мене е задоволство и уживање повеќегодишната соработка со Охрид Фест, фестивалот кој речиси три децении континуирано ја негува македонската народна и забавна музика, ги обединува најзначајните музички имиња од регионот, гради музички мостови на пријателство, им дава одлична можност за промоција на младите, а воедно ги афирмира и промовира вечните убавини на Охрид и на Македонија. Со Марјана нè врзува долгогодишно пријателство и соработка, а нè обединува и љубовта кон музиката и танцот“, вели Зафирчев.

Васил и Марјана пред неколку години заедно настапуваа и во шоуто „Танц со ѕвездите“.

„Со Васил сме супер тим. Ми одговара неговата енергија, неговиот сензибилитет, одлично се согласуваме. Тој е првенствено голем уметник кој поседува извонреден талент и за сценски движења, токму затоа и кога се подготвуваме за фестивалот одлучуваме да вметнеме некоја интересна танцова кореографија со која ќе ја изненадиме публиката. Да се работи со него претставува вистинска чест и задоволство“, вели Станојковска.

 

Scroll to Top