Фудбалерот на американскиот клуб „Њујорк Ред Булс“, Дру Јарвуд, нокаутираше девојка на трибините за време на натпреварот од последното коло во МЛС лигата со „Филадефлија Унион“.
Јарвуд изнервиран од резултатот, силно ја шутна топката кон трибините ѝ ја погоди во лице девојката која седеше во првите редови. Кога сакаше да ѝ се извини, нејзиното момче не му дозволи. Рече нема потреба, а сакаше да му го подари и шалот.
Од тимот соопштија дека во иднина ќе направат сѐ за ваквите настани не се повторат.
„Безбедноста на сите кои присуствуваат во „Ред Бул Арената“ е од најголема важност за нашата организација. Дру се кае и знае дека неговите постапки се неоправдани. Ќе преземеме чекори за да не се повтори ова. Заедно со Дру, ќе продолжиме да бидеме во контакт со семејствата и ќе ја провериме нивната состојба. Сакам од срце да им се извинам на навивачите кои ги погодив со топката. Емоциите ме совладаа и ги разочарав фановите на тимот. Се надевам дека се добро и ќе ми простат“, излегоа со заедничката изјава од клубот и Јарвуд.
За потсетување, натпреварот од најсилната американска дивизија од Источната конференција меѓу „Њујорк Ред Булс“ и „Филаделфија Унион“, заврши со резултат 2:0 за гостите, кои го зголемија водството на првото место на табелата.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) September 4, 2022