(Видео) Куќен притвор за инспекторот Томе: набргу нова хит-серија по теркот на „Преспав“

Набргу ќе почне да се прикажува новата македонска серија „Куќен притвор“, во која главната улога ќе ја има инспекторот Томе од „Преспав“. Серијата ќе се прикажува на Македонската телевизија, а се фокусира на животот и семејството на корумпираниот инспектор од пансионот на браќата Бузалевски.

„ОХО продукција“ веќе го објави првиот трејлер од серијата.

Томе е уапсен во пансионот, а адвокатите бараат да помине 30 дена во притвор, но наместо во затвор, Томе мора да ја издржи казната дома. Во серијата првпат се појавуваат и сопругата на Томе, нејзиниот 20 години помлад љубовник, комшиката Снеже и откачениот адвокат.

Главните улоги во новата серија ги глумат Горан Стојановски, Ирена Ристиќ, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Јована Спасиќ и Зоран Љутков.

Scroll to Top