Една од најдобрите светски тенисерки Симона Халеп, се разведува од македонскиот милијардер Тони Јурук, по речиси една година брак. Веста ја објави на само неколку дена пред годишнината. Двајцата се венчаа минатата година на 15 септември во Констанца.
Дека се разведуваат потври и Јурук кој не сакаше да открива детали.
„Симона и јас донесовме одлука да се разведеме. Тоа е сè што ќе кажам и престанете да инсистирате на повеќе детали“, им рече Јурук на новинарите.
Се шпекулира дека причината за разводот се обврските и честите патувања на Симона. Романката неодамна се пресели во Франција на инсистирање на тренерот Патрик Муратоглу. Тие рекоа дека направиле предбрачен договор и дека нема да го делат стекнатото богатство.
За потсетување, Симона и Јурук се венчаа минатата година на брегот на Црното Море во градот Констанца, родното место на 11-та тенисерка во светот. На венчавката имаше околу 300 гости.
Јурук е успешен бизнисмен и сопственик на повеќе фирми. Роден е во Македонија, а бракот со Симона му беше трет. Пред да се венчаат беа три години во врска.