Елена Ристеска замина за Мајами, САД, од каде што објави и видео од нејзиното пристигнување.
„Мајами, ништо нема да нѐ раздели од сега“, вели Ристеска.
Не е првпат таа да оди во САД, но се чини дека ова патувње ѝ е со големи планови и подолг престој.
View this post on Instagram
Неодамна американскиот музички продуцент и пејач Артуро Галварезо беше во Македонија заради соработката со Елена, со која се пријатели. Нивната соработка почнала кога Артуро ја забележал на Евросонгот во Атина во 2006 година. Се запознале пред три години и почнале да снимаат во периодот кога таа беше во Америка.
Елена подолго време нема објавено песна, а беше актуелна по својата линија прфеми и козметика, бизнис со кој почна да се занимава пред две години.