(Видео) Ај сега кажи си да – Бомбакис ја побара девојка сѝ за жена

Кристијан Станковски, Бомбакис на одмор на плажа во Грција ја побара за жена својата девојка. Тој ја изненади со транспарент на кој пишува „Ајде сега кажи си да“.

„Ова бранов и мене ме фати“, рече Бомбакис кој клекна пред неа и ѝ подари прстен. Од фановите доби голем број честитки.

За потсетување, неговите интересни и позитивни пораки му донесоа голема популарност за кратко време. Се сликаше и со Игор Џамбазов, Тамара Тодевска, Лила Филиповска, Викторија Лоба и многу други, но и со негови пријатели и на обични и необични места во земјава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bombakis (@bombakis)

Scroll to Top