Два златни и еден сребрен медал за македонските танчери на Европското првенство во танци 2022

Македонските натпреварувачи освоија два златни и еден сребрен медал на Европското првенство во танци 2022 , кое викендов се одржуваше во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје

Околу 2.000 танчери од 22 земји беа дел од Европското првенство во танци 2022 (IDO European Hip-Hop & Boogie Championships) , а организатори беа танцовите клубови Eat the Beat и Break A Leg“од Скопје.

Во модерен балет јуниори во машка конкуренција прво место освои  Амди Исмаили од Гостивар, во класичен балет во возрасна категорија прво место освои Наташа Трендафилова, а младиот Лука од Пробиштип освои трето место.

Scroll to Top