Од старски дом на Тајван се извиниле што ангажирале егзотична танчарка да им танцува на клиентите, кои биле ветерани во инвалидски колички.
Домот на ветераните Taoiuan е државен објект за пензионраниот воен персонал на Тајван. Од таму платиле стриптизета за прославата на фестивалот Jesenjeg, значаен празник во кинеската култура кога луѓето се собираат за да ја прослават жетвата од оризот и пченицата.
Снимката од раскошниот настап објавен на социјалните мрежи бргу стана вирална. На видеото се гледа танчарка во тантела, која му игра во скутот на еден од ветераните. Се чини дека на старецот не му смета, дури напротив. А се чини дека и другите старци уживале во претставата.
Сепак, домот се најде на удар на критика, па мораше да се извини.
„Намерата беше да ги забавуваме старците и да ги направиме среќни. Многу ни е жал поради навредата што настана“, објасниле од домот.
Портпаролот на старскиот дом додаде дека прославата минатите години била откажана поради пандемијата на коронавирусот. За да им го подигнат расположението на станарите, тие договориле стриптизета.
Сепак, признале дека постапката била премногу ентузијастичка и жестока и дека во иднина ќе бидат внимателни кога планираат вакви слични настани.