Деновиве во продажба е пуштен чипс со вкус на вагина. Го произведува компанијата Chazz од Литванија. Од таму велат дека производот го продаваат заради недостаток на секс меѓу милениумците, лица родени по 2000 година.
Во соопштението кое го објавиле стои дека овој катастрофален тренд го сватиле лично, а компанијата се повикува на истражувањето кое сугерира дека милениумцитеимаат трипати помалку секс во однос на нивните родители кога биле млади.
„Откако ќе го пробате, ќе се сетите на вашите најлуди љубовни авантури, на својата прва вистинска љубов“, стои на официјалната страна на компанијата.
Ако се суди по фотографиите кои компанијата ги пласира на социјалните мрежи, може да се каже дека луѓето во компанијата навистина се потрудиле околу маркетинот, коментираат конзументите.
Од компанијата објавија дека може да го подарите на партнерот за почеток на една романтична вечера. Цената му е 10 евра и може да се купи само во Европа. Откако се најде на полиците во продавниците, следеа бурни реакции во јавноста.
Би сакал ова да е шега, но, се плашам дека не е. Не можам да разберам на кого ова му го продаваат. Не сакам ни да размислувам за аромата на овој чипс. Дали ова создава поголема возбуда? Зошто некој би сакал да јаде нешто со вкус на вагина?“, биле само дел од коментарите.
Чипсот се состои од 56% компир, растително масло, сол, кромид, шеќер, екстракт од квасец, природна арома, лимон во прав, магодонос, ловорови листови и слично. Нешто слично со свој производ излезе и глумицата Гвинет Палтроу која пласираше свеќи со мирис на вагина.