Најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски, освои златен медал на турнирот „Албанија Опен“. Во финалето го победи Словенецот Иван Трајковиќ. Со медал се врати и Филип Додевески кој освои сребро. Филип во финале загуби од Азербејџанецот Сулејманов.
На подготовките Ѓеоргиевски додаде нови 20 бодови на своето конто, пред наредните Олимписките игри кои ќе се одржат во Париз во 2024 година. Претходно освои бронзен медал на престижниот „Гран при 2022“ турнир во Рим.
За потсетување, олимпискиот вицешампион во теквондо ѝ ја донесе најголемата радост на Македонија лани од Токио, каде освои олимписко сребро. За „Репортер“ ни рече како му било пред финалето и дека тренерот не му го давал телефонот за да не му врши притисок.
„Дента пред финалето дури легнав малку и да спијам, бев смирен. Но, тренерот не ми го даваше телефонот за да не сум под притисок од целата онаа поддршка на социјалните мрежи, за што сум посебно благодарен“, ни рече Дејан.