Пејачот Васил Гарванлиев на социјалните мрежи објави фотографија облечен во здолниште. Тој позира со високи чизми и блуза со необичен дизајн.
Поводот за ваквиот изглед на Васил е гала вечер на фондацијата „Метју Шепард“.
На фотографиите тој е заедно со неговиот партнер со кој во месец мај се свршија.
За свршувачката со неговиот партнер, тој за „Репортер“ изјави дека се случила на романтично патување во Њујорк и се случило набрзина. Се запознале кога Гарванлиев дошол во Њујорк и работите тргнале набрзина.
„Заљубен сум и малку шокиран, навистина не очекував дека ќе ми се случи љубов. Ама како што велам, внимавај што посакуваш“, рече Гарванлиев за „Репортер“.
View this post on Instagram
View this post on Instagram