Потребни состојки:
900 гр готово тесто за пица
300 гр рендано печено пилешко
125 мл сос за пица
85 гр рендан кашкавал
75 гр путер
1 лажичка суво оригано
сол и бибер по желба
маслиново масло за премачкување
брашно за расукање на тестото
Начин на подготовка:
Тестото за пица поделете го на два еднакви дела и развлечете го на набрашнета површина во правоаголници со иста големина. Премачкајте го тестото со малку маслиново масло. Направете го филот: растопете го путерот и измешајте го со сосот за пица. Додадете го ренданото печено пилешко и ренданиот кашкавал, па додадете сол и црн пипер по желба. Над едното парче тесто премачкајте го филот, па покријте го со второто расукано парче тесто за пица. Притиснете лесно и спојте ги сите рабови на тестото. На вака подготвената покриена пица намачкајте уште малку маслиново масло и одозгора посипете оригано. Исечете го тестото на околу 10 тенки ленти со остар нож. Завртете ја секоја лента и ставете ја на подмачкан плех. Печете во загреана рерна на 220 степени околу 20 минути или додека вртените стапчиња да добијат златно-кафеава боја.