(Галерија) Облеков бел фустан, го славам животот: Лила запеа и направи голема журка за роденденот

Водителката и инфлуенсерка Лила Филиповска вчера наполни 51 година. За роденденот облече бел фустан од Елена Лука, па рече дека зад себе остава тешка година и одново го слави животот. Забавата беше во познат скопски ресторан, со многу пријатели и музика во живо. Се пееше и играше до доцна во ноќта, имаше роденденска торта, а сликите и видеата од забавата Лила ги објави на социјалните мрежи.

„Вечерва облеков фустан во бела боја, вечерва го славам животот, љубовта и мојот роденден. Оставам зад себе една тешка, претешка година која ме научи да го славам секој ден како да е роденден, да го почитувам секој момент и да бирам пријатели кои за мене би го направиле она што и јас за нив. Научив дека секој ден е борба и дека со добра мисла секој проблем е решлив. Овој ден е мој ден, овој ден е мојот роденден“, напиша Лила.

Водителката доби многу честитки и од фановите кои ѝ посакаа секогаш да остане позитивна и насмеана.

 

Scroll to Top