Откако министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја пречека словенечката колешка Тања Фајон со словачко знаме, се јави и глумецот Сашо Коцев. Објави фотографија од снимањето на словенечката романтична комедија „Нешто слатко“, која ја снимаше во Словенија.
„Од снимањето на филмот во Словачка, овај Словенија“, се пошегува Коцев.
За потсетување, покрај Коцев во главната улога во оваа комедија ја игра и Јелена Јованова, додека режисер е Тин Водопивец, кој е и косценарист заедно со Уршка Мајдич од Словенија.