Политичар снимил домашно видео и го искористил во кампања

Американскиот кандидат за Конгресот во Њујорк, Мајк Иткис, снимил и објавил 13 минутно домашно видео. Го направил со Никол Сејџ, а ја снимил како што вели за да го сподеки неговото мислење за сексуалните права за кои смета дека треба да бидат дефинирани и заштитени.

Исто така видеото го направил како дел од кампањата која се заснова на како што вели сексуално позитивен пристап за поддршка на правата за абортус, декриминализација на сексуалната работа, ставање крај на мешањето на владата во бракот и укинување на законите за неверство.

Исто така говори и за неговата одлука да се откаже од кондомите и дека пристапот до абортус треба да биде легален. Смета дека и мажот треба исто така да има право да го даде неговото мислење по ова прашање.

„Ако жената треба да има избор дали да стане родител или не како резултат на непланирана сексуална активност, истиот избор треба да го имаат и мажите“, вели Иткис.

Иткис е независен кандидат и се кандидира за 12-от конгресен округ во Њујорк. Домашното видео кое го снимиле го нарекле Buscket Lis Bonaza. За кратко време истото било видено речиси 88.000 пати. Било снимено во два дела. Првиот го снимиле во јили минатата година, а вториот во октомври исто така 2021.

 

Scroll to Top