Актерот Никола Ристановски е добитник на наградата гран при за најдобра машка улога на 18. Меѓународен фестивал во Никшиќ во Црна Гора.
Наградата ја доби за улогата д-р Стокман во претставата „Народен непријател“ во режија на Нина Николиќ, а му ја додели жирито во состав: Тања Бошковиќ, претседател, и Славиша Чуровиќ и Тања Перишиќ, членови.
Ова е трета награда по ред за истата улога по оние на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, и на фестивалот „НОВ ТВРДИНА ТЕАТАР“, Србија. Истовремено е и уште една во низата театарски награди со која Ристановски стана и најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар.