Дуото „Некст Тајм“ на 17 -ти декември ќе одржат голем солистички концерт во Спортскиот центар „Јане Сандански“. Тие ќе бидат придружувани од нивниот бенд, заедно со композиторот и музичар – Николче Мицевски.
На голема цена во живо Некст Тајм пред скопската публиката ќе ги отпеат нивните авторски песни како и песните од нивниот последен албум „Мајка“ на кој се наоѓаат преработките на старите македонски песни.
„Пријатели ве очекуваме во голем број, да уживаме во македонска музика и музички спектакл. Ве чекаме на концерт! Сметаме на вашата поддршка. Фала. 17-ти декември, „Јане Сандански“, објавија Стефан и Мартин на нивните социјални мрежи.
Гостин на концертот ќе биде Влатко Лозаноски.
Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите може да ги купите преку продажната мрежа на MkTickets, како и во повеќето градови во Македонија.